Меси ја „отвори сметката“ за сезоната што следува

Пари Сен Жермен со 2:1 го победи јапонскиот тим Кавасаки во пријателски меч одигран во Токио. Францускиот првак на овој дуел покажа недостаток на реализација затоа што доминираше во текот на сите 90 минути, а на крајот постигна само два гола.

Лионел Меси погоди во 32-рата минута по асистенција на Хакими, што е прв погодок за Аргентинецот во пресрет на новата сезона. Во второто полувреме беа направени повеќе замени, а Калимуендо, кој влезе на местото на Мбапе, погоди за 2:0 во 58-мата минута. До крајот на средбата, домаќините постигнаа почесен погодок.

ПСЖ на овој меч упати дури 24 шута кон противничкиот гол, од кои 10 беа во рамките на голот, а се израдуваа само двапати.

 

- Оглас -

Најнови вести