Меси: Јас и Кун заедно? Може, ама не во Сити, нека дојде во Барса (Видео)

Таткото на Серхио Агуеро, пред две години, пред почетокот на Светското првенство во Русија, изјави дека не ја исклучува можноста син му да игра заедно со Лионел Меси во Манчестер сити, и испадна дека таа негова желба можеби ќе се исполни, иако преклани тоа му беше незамисливо на Лео.

Најдобриот фудбалер на светот, преклани одговори дека нема шанса да заигра за Сити, туку го покани другар му Агуеро да му се придружи во Барса. А, сега, две години подоцна Меси сака да си замине од Барса и да прејде во Сити, каде го чека Агуеро, кој најави дека ќе му го отстапи дресот со бројот 10.

„Каде би ми било подобро отколку во Барселона? Во најдобриот тим на светот сум, во еден од најубавите градови, моите деца имаат пријатели. Немам потреба да си одам за да се докажувам. Јас и Кун заедно? Не, во Сити не. Тоа може да се случи ако тој дојде во Барселона“ – изјави Меси во летото 2018 година во интервју за една аргентинска телевизија.

Многу работи може да се сменат за две години:

https://twitter.com/i/status/1298629262241669120

- Оглас -

Најнови вести