Меси како вистински светски шампион се врати во ПСЖ и даде гол (Видео)

Пари Сен Жермен со 2:0 го победи Анже во меч од 18-тото коло во француското првенство и со овие три бода Светците ја задржаа комотната предност на чело на табелата. По 18 кола, ПСЖ има 47 бода пред Ленс, кој вечерва ремизира 1:1 на гости кај Стразбург и сега има 41 бод. Третиот, Олимпик Марсеј славеше на гости кај Троа и сега има 39 бода.

Во тимот на ПСЖ на овој меч се врати Лионел Меси, кој го одигра првиот меч по освојувањето на титулата светски првак со Аргентина. Капитенот на Аргентина одигра одлично и даде гол за 2:0.

Резултати од 18-тото коло: Ажаксио – Ремс 0:1, Оксер – Тулуз 0:5, Брест – Лил 0:0, Клермон – Рен 2:1, Нант – Лион 0:0, Лориен – Монако 2:2, Ноца – Монпелје 6:1, ПСЖ – Анже 2:0, Троа – Марсеј 0:2.

 

- Оглас -

Најнови вести