24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Меси како во најдобрите времиња: И петти натпревар по ред постигна два гола, а Интер Мајами победи (Видео)

Лионел Меси продолжува со фантастичните игри во МЛС лигата. И петти натпревар по ред Аргентинецот постигнува два гола и тоа за победа на Интер Мајами, кој славеше над Нешвил со 2-1.

Првиот гол беше ремек дело, додека голот за победа е голема грешка на гостинскиот голман, а Меси знаеше како да го искористи тоа и да ја донесе победата за својата екипа.

Меси оваа сезона во МЛС лигата веќе дојде до бројка од 16 гола, а има и осум асистенции. Уште на минатиот натпревар го сруши рекордот на МЛС лигата со четири натпревари по ред на кои постигна по два гола, а сега само си го подобри рекордот кој изнесува пет натпревари по ред на кои постигнува по два гола.

- Оглас -

Најнови вести