Лионел Меси е најзаслужниот за пласманот на Интер Мајами во полуфиналето од Лигата на шампионите на Северна и Средна Америка. Со два гола и една асистенција беше предводник во победата од 3-1 над Лос Анџелес, со што ја надополнија негативата од 1-0 на противникот од првиот меч.
Гостите во деветтата минута дојдоа во водство преку Лонг, но тогаш на сцена стапи Лео Меси. Аргентинецот во 35-тата минута израмни на 1-1, а во 61-вата минута му асистираше на Ален за водство од 2-1. Конечните 3-1 ги постави Меси од пенал во 84-тата минута.
Противник на Интер Мајами во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе им биде составот на Ванкувер, екипа од Канада која настапува во МЛС-лигата.