Меси кажа кој му бил најтежок чувар во кариерата и ги изненади сите

Десниот бек Пабло Мафео кој има 22 години и игра за Жирона како позајмен од Штутгарт, е најнепријатниот чувар со кој требало да излезе на крај Лионел Меси. Најдобриот фудбалер на светот за 2019 година, се сеќава на дуелите со Мафео кога играа Барса и Жирона. Мафео му играше фластер 90 минути, не му даваше на Меси ниту да ја прими топката, камоли да има простор за нешто повеќе.

„Стриктната маркација не ми е толку проблем, но чудно е кога некој е залепен до вас цел меч. Не се случувало често да играат фластер на мене, но чудно е чувството. Не се жалам ни на фаулите кои ми ги прават, борењето и прекршоците се составен дел од фудбалот. Најтежок чувар би рекол дека ми беше Пабло Мафео од Жирона, тој претеруваше“ – вели Меси.

- Оглас -

Најнови вести