Меси казнет затоа што за врат фати противнички тренер (Видео)

Лионел Меси е казнет со непознат паричен износ поради кршење на правилата на лигата, на делот кој се однесува за подигнување на рака кон лицето, вратот или главата на противник.

Инцидентот се случил по завршувањето на дуелот со Њујорк сити, кога Меси пред да го напушти теренот, застанал и влегол во вербален конфликт со член на стручниот штаб на противникот. Се работи за помошник-тренерот на Њујорк сити, Мехди Балучи.

Во еден момент Меси со раката го фати противникот за врат, а тоа беше забележано и на видеоснимка. Освен Меси, парична казна за сличен престап заработи и Луис Суарес.

 

- Оглас -

Најнови вести