1.8 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Меси ќе добие незапамтена понуда во историјата на фудбалот: Веќе го контактирав

Лионел Меси и на 38 години е еден од најпопуларните, а за многумина сѐ уште најпопуларен фудбалер во светот. Аргентинецот неодамна го продолжи договорот со тимот на Интер Мајами до 2028 година, што значи дека многу веројатно тоа ќе биде и неговиот последен клуб во кариерата.

Сепак, повеќе светски медиуми пишуваат дека може да има пресврт во целата таа приказна. Наводно, првиот човек на саудискиот гигант Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, е решен да го доведе Меси во редовите на неговиот клуб.

Јасно е дека на клубовите од Саудиска Арабија парите не им се проблем. Поголем проблем е да го убедат Меси да прифати да си замине од Мајами за да дојде во Џеда. Се шпекулира дека газдата на Ал-Итихад му пратил бланко чек на Меси, а Аргентинецот сам да ја напише сумата која ја прифаќа за да дојде во Саудиска Арабија.

„Ако Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадеме бланко чек на кој ќе може да ја напише сумата која ја сака и сам да одбере за колкав период ќе биде. Ако сака, може да добие и доживотен договор, од него зависи“, вели првиот човек на Ал-Итихад, Хаили, кој додава дека за него парите нема ништо да значат, само Меси да го види во зелено-црниот дрес на клубот од Саудиска Арабија.

Делува неверојатно, но Хаили открива дека Меси одбил договор од 1,4 милијарди евра.

„Го контактирав Меси кога му заврши договорот со ПСЖ и му понудив договор вреден 1,4 милијарди евра, односно 88 милиони евра по сезона. Тој ја одби понудата без да ја сослуша затоа што неговото семејство преферираше да живее во САД. Ја почитуваме неговата одлука, но вратата од Ал-Итихад за Меси секогаш ќе биде отворена“, додаде Хаили.

- Оглас -

Најнови вести