Меси ќе ги разочара фановите на Барселона и ќе го продолжи договорот со Интер Мајами?!

Се чини дека нема да им ништо од враќањето на Лионел Меси во Барселона. Аргентинецот има договор со Интер Мајами до крајот на оваа календарска година, но многумина очекуваа дека тој уште летово ќе се врати во Каталонија и ќе ја одигра сезоната пред Светското првенство во 2026, што воедно ќе беше и негова последна во професионалната кариера.

Сепак, британските медиуми тврдат дека Меси ќе го продолжи договорот со Интер Мајами на уште една година, до крајот на 2026 и токму таму ќе ја заврши кариерата после Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

37-годишниот Лионел Меси игра во фантастична форма во МЛС лигата и на последните шест меча постигна шест гола.

- Оглас -

Најнови вести