18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Меси ќе го игра 49-тото финале во кариерата, има одличен биланс

Лионел Меси речиси 20 години е на врвот на светскиот фудбал, што се потврдува и со рекордните седум Златни топки кои ги освои Аргентинецот. Во текот на кариерата постојано играл за големи трофеи, се радувал на многу успеси, а сега му останува мисијата да го освои најважниот трофеј, тој на Светското првенство.

Меси со својата Аргентина утре ќе игра во финалето на Мундијалот во Катар, а Франција ќе му биде ривал. За Лео ова ќе биде дури 49-то финале во кое ќе се бори за трофеј.

Првото финале во кое Меси има играно е во далечната 2005 година кога на Светското првенство до 20 години, Аргентина со 2:1 славеше над Нигерија, а токму Лео ги постигна двата гола. Следната сезона го играше првото финале во сениорска конкуренција и тоа во Суперкупот на Шпанија кога Барселона со 1:0 го победи Еспањол во август 2006 година.

Последното финале на кое играше Меси е од пред пет месеци кога во Суперкупот на Франција со 4:0 го победи Нант. Од досегашните 48 финалиња на кои играл, Меси има 30 радости и освоени трофеи.

- Оглас -

Најнови вести