Меси ќе го пропушти и спектаклот во ЛШ?

Дербито од второто коло од Лигата на шампиони меѓу Пари Сен Жермен и Манчестер сити ќе помине без Лионел Меси на теренот. Ова се најавите за дуелот кој е закажан за 28 септември на „Паркот на принцовите“.

Меси го пропушти последниот меч на ПСЖ, против Троа, а официјалната верзија е дека Аргентинецот е повреден. Само неколку дена пред тој меч, Лео беше заменет на дербито против Олимпик Лион, а ѕвездата незадоволно реагираше зошто тренерот Маурисио Покетино решил да го извади од игра.

ПСЖ в недела ќе игра против Монпелје во домашното првенство, па ако и на тој дуел го нема Меси во тимот, ќе биде многу веројатно дека аргентинскиот виртуоз ќе го пропушти и дербито против Сити во Лигата на шампиони.

 

- Оглас -

Најнови вести