Меси ќе игра против Бетис, ама не цел натпревар

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, има добри шанси да се појави на двобојот од второто коло на шпанското првенство против Бетис, најавуваат каталонските медиуми.

Аргентинецот речиси целосно закрепна од повредата и веројатноста да се појави на „Камп ноу“ в недела е голема. Меси сигурно нема да биде на теренот во сите 90 минути, туку се очeкуа да игра околу еден час, но дефинитивната одлука ќе се донесе на еден ден пред мечот на кој Барселона не смее да си дозволи нов кикс за да не западне многу рано во бодовен минус зад конкурентите.

Меси се повреди пред патувањето на турнејата во САД, а го пропушти и првиот меч од новата сезона во Ла Лига, против Атлетик Билбао, каде што фаворитот загуби со 0-1. Во минатата сезона Меси играш 50 меча за Барса и даде 51 гол и имаше 22 асистенции.

Појавувањето на Меси ќе биде голем плус за тимот на тренерот Валверде не само поради квалитетите на Аргентинецот, туку и бидејќи повредени се Суарес и Дембеле, па офанзивната линија е ослабена.

- Оглас -

Најнови вести