Лионел Меси ќе стисне заби и речиси сигурно ќе игра против Реал Мадрид утре на „Камп ноу“, во првиот полуфинален дуел на вечните шпански ривали, но на списокот го нема Осман Дембеле.
И двајцата одлични офанзивци ги мачат повреди, а Ернесто Валверде одлучи Меси да биде на списокот на играчи за новото Ел Класико, овојпат во Копа дел Реј, а францускиот ас Дембеле да продолжи со рехабилитацијата.
Дембеле не играше ниту против Валенсија викендов, а Меси се повреди токму на тој меч, во 72-рата минута, но издржа докрај. Има проблеми со бутниот мускул, но од Барселона најавуваат дека сигурно ќе игра против Реал, што е голем поттик за амбициите на Каталонците да се обидат да го елиминираат големиот ривал и потоа и да го одбранат трофејот од лани.