34.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Меси ќе остане во ПСЖ само ако добие поголема плата

Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ само под услов да добие поголема плата од актуелната, пишува весникот „Ле Паризиен“.

Договорот на Меси со Светците истекува на крајот од сезоната, но Аргентинецот сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Најблиску е до враќање во Барселона, каде што помина 20 години од кариерата, но не ја затвора вратата и на ПСЖ.

„Проблемите со продолжување на договорот започнаа по Светското првенство во Катар. Меси со Аргентина стана светски шампион и се врати во ПСЖ со барање да му биде зголемена платата како услов за потпишување на нов договор. ПСЖ не ја прифати оваа уцена од Меси, но челниците на клубот се подготвени да му понудат идентични услови кои ги има со актуелниот договор. Тоа значи годишна плата од 40 милиони евра“, пишува весникот.

Меси пред да го потпише договор, сака да знае и кои ќе бидат новите засилувања и кој ќе биде нов тренер. „Ле Паризиен“ пишува и дека управата на ПСЖ нема намера да подлегне на уцените на Аргентинецот, како и дека подготовките за следната сезона ги прави без Меси во тимот.

- Оглас -

Најнови вести