Меси ќе отпапува за Ремс со екипата, но останува да се види дали ќе дебитира

Маурисио Покетино, тренерот на ПСЖ, потврди дека Лионел Меси ќе биде вклучен во тимот за утрешното гостување кај Ремс во рамките од четвртото коло во Лига 1, но допрва ќе одлучи дали ќе му пружи шанса на аргентинскиот виртуоз да дебитира.

Во изминативе речиси три недели, Меси работи на враќањето на формата бидејќи еден месец беше вон активности, поточно откако ја освои Копа Америка со својата селекција, па му требаше време да се запознае и воигра со новите соиграчи.

„Се гледа дека е мотивиран. Лео брзо се адаптира на новите соиграчи, во новата средина, што покажува колку е голем професионалец. А, дали утре ќе игра, ќе одлучиме пред натпреварот, бидејќи мора добро да ја анализираме целата ситуација“, истакна Покетино на денешнта прес-конференција.

Францускиот вицепрвак тргна беспрекорно во новата сезона со три победи на исто толку меча и со сигурност ќе се стреми да ја одржи формата, со или без Меси во составот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести