14.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Меси ќе пропушти уште еден меч за Интер Мајами

Тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, изјави дека напаѓачот Лионел Меси нема да игра на натпреварот од 26-то коло на МЛС лигата против Орландо сити, кој се игра вечерва.

„Не, Лео нема да игра. Тој е во добра форма, но би било лудост да ризикуваме и да го носиме во Орландо, имајќи предвид дека го чекаат уште многу натпревари. Сепак, ние сме оптимисти дека наскоро ќе се врати на теренот“, рече Маскерано за „ЕСПН“.

38-годишниот Аргентинец го пропушти и мечот од третото коло на Купот на лигите против Пумас (3-1) поради повреда на бутниот мускул.

- Оглас -

Најнови вести