Меси ќе урне рекорд на Дани Алвеш

Лионел Меси на 16 октомври 2004 година на олимпискиот стадион „Монжуик“ против Еспањол, влезе во игра во 82 минута на местото на Деко, и во тој момент почна „раѓањето“ на фудбалска легенда во шпанската лига и воопшто светот.

На 23 септември 2018, најдобриот фудбалер во историјата на Барселона зад себе има 422 меча во шпанската Примера, и вечерва ако игра на дуелот со Жирона, ќе постави нов рекорд во шпанскиот фудбал. Ќе стане странец со најмногу настапи во Ла Лига.

Повеќе мечеви од Меси има Бразилецот Донато, кој одигра 466 средби за Атлетико Мадрид и Депортиво Ла Коруња, но тој одигра и неколку меча за шпанската репрезентација, па не го сметаат за странец. И Меси има шпанско државјанство, но игра за родната Аргентина.

Меси ја игра својата 15-та сезона во шпанската лига, и на 422 меча има 320 победи, 66 нерешени и 37 порази. Даде 386 гола, со што е прв на вечната листа на стрелци.

Вечерашниот противник на Барселона, Жирона, најверојатно во јануари ќе ја пречека Барса во Мајами, во САД. Одлуката не е дефинитивно донесена, а тренерот Ернесто Валверде даде свое мислење.

„Ние играме денеска, и просто ми е неверојатно што се зборува за нешто што ќе биде после неколку месеци. Сигурно дека ќе и гостуваме на Жирона, а каде, не знам“ – изјави тренерот на каталонскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести