Меси кога игра, фудбалот е најлесна работа на светот – Волшебникот даде гол и го мина Ромарио со 773 погодоци (Видео+Фото)

Лионел Меси одигра импресивно прво полувреме за Пари Сен Жермен против Лил и постави два рекорди.

Имаше асистенција и тоа феноменална до Килијан Мбапе за рекордниот погодок во историјата на Лига 1, а беше постигнат за само 8 секунди. Тоа е најбрзиот гол во Франција, откако статистички се мери времето, односно од сезоната 2006/07.

Потоа Меси и самиот погоди во 28. минута, а и тоа го стори како фудбалот да е најлесната работа на светот.

Со овој гол Меси според педантните аналитичари го мина Бразилецот Ромарио на вечната листа со стрелци со најмногу голови и сега има 773, еден повеќе од легендарниот Кариока.

https://twitter.com/LSPNFC_/status/1561437132878667781?s=20&t=dEnfkTAA-8YtLPiC_0AfUQ

По првото полувреме со головите на Мбапе, Меси, Хакими и Нејмар, Пари Сен Жермен води со 4:0 на гостувањето кај Лил, а по еден час игра парижани водат со 5:1, откако уште еден гол постигна Нејмар, а потоа Бамба погоди за почесен гол за Лил.

- Оглас -

Најнови вести