Меси магично се опорави и се врати на тренинзите на ПСЖ

Лео Меси се врати на тренинзите на ПСЖ. Аргентинецот кој изминатава недела го сврте вниманието на светската јавност кон себе, откако не сакаше да се поздрави со тренерот Маурицио Покетино, беше на денешниот тимски собир.

Меси кој што не блеска во дресот на „Светците“, магично се опорави од повредата над левото колено, која го мачеше изминатиов период и очигледно дека е подготвен за да се спротистави на Манчестер сити во дуелот од Лигата на шампионите.

Дали навистина станува збор за повреда, или пак нешто друго е во прашање, проценете сами.

 

- Оглас -

Најнови вести