14.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Меси: Ме третираа како утка, не сакаа да играм

Лионел Меси изјави дека бил разочаран од односот на некои медиуми во Аргентина кон него и другите репрезентативци, поради тоа што долги години до летово немаа позначаен успех и трофеј. Сега, откако Гаучосите триумфираа на Копа Америка, ситуацијата се смени.

„Некои новинари мене и уште неколку играчи не третираа како непотребни и сметаа дека не заслужуваме да го носиме дресот на Аргентина. Луѓето мислат дека е лесно да се освои СП. Ниту претходно не бевме најслабите, ниту сега сме најдобри. Не можев да поверувам кога ја освоивме Копа Америка. Толку долго чекав на тоа, што кога се случи, не бев свесен дека успеавме. Конечно одморив, порано се исклучував 15-тина дена по големите настани со репрезентацијата. Дури сега вистински уживам во тој триумф бидејќи помина извесно време и сега веќе конечно сфатив дека успеавме“. рече Меси, кој е и капитен на националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести