Меси меѓу жените – Ада Хегерберг е новата „принцеза“ на фудбалот

Ада Хегеберг ја имаше честа во декември минатата година да биде првата добитничка на Златната топка на „Франс фудбал“ во женски фудбал. Норвежанката вчера се закити со уште едно одличје, со Лион ја освои четвртата последователна титула во Лигата на шампионите, по убедиливиот триумд над Барселона од 4-1.

Хегеберг постигна хет-трик во победата и оствари можеби досега невиден учинок меѓу жените. Таа запиша вкупно 255 погодоци на 254 сениорски настапи во својата кариера, па слободно може да се каже дека таа е Меси во женскиот фудбал.

Имајќи во предвид дека има само 23 години, Хегеберг дефинитивно ќе зголеми својот учинок во годините што и претстојат. Инаку, со женскиот тим на Лион, Хегеберг освои пет последователни титули во Франција, а има и четири трофеи од францускиот куп за жени.

Иако е прилично млада, таа стави крај на репрезентативната кариера поради несогласување со норвешката федерација околу правата на жените во фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести