9.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Меси месечно добива повеќе од Суарес, Гризман, Азар и Рамос заедно!

Лионел Меси е убедливо најплатениот фудбалер во шпанското првенство за оваа сезона откриваат тамошните медиуми. Според податоците, Меси добива 10,5 милиони евра месечно (пари кои се пресметани пред оданочување). Со оваа сума која ја добива, капитенот на Барселона е далеку пред останатите ѕвезди во Примера дивисион.

На делба на второт место на оваа листа се неговиот сегашен соиграч Антоан Гризман и некогашниот партнер во нападот на Меси, Луис Суарес. Гризман и Суарес добиваат по 2.9 милиони евра во Барселона, односно Атлетико Мадрид.

Меѓу најплатените има место и за двајца играчи од Реал Мадрид. Еден Азар добива 2,5 милиони евра, а капитенот Серхио Рамос е со два милиони евра. Ако се пресметаат парит екои ги заработуваат Гризман, Суарес, Азар и Рамос заедно, се доаѓа до сума од 10,3 милиони евра, што пак е помалку од тоа што го добива Меси.

На листата на тренери прв е Диего Симеоне со месечна заработка од 3,6 милиони евра (сумата е пред да биде оданочена). Зад Симеоне следуваат тренерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан со 1,4 милиони евра и Роналд Куман со 1,2 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести