Меси може комотно да си замине од Барса – Чави го продолжи договорот со Ал Сад

Легендата на Барселона, Чави Ернандес го продолжи договорот со Ал Сад и за следната сезона и останува тренер на катарскиот клуб, што може да ги искомплицира работите во шпанскиот гигант.

Чави останува шеф на стручниот штаб и за следната сезона во Ал Сад, а интересно е што Лионел Меси како еден од главните услови за продолжување на престојот во Барселона го наведе токму доаѓањето на својот некогашен соиграч за нов тренер на Каталонците.

Кике Сетиен сигурно ќе биде сменет и нема да продолжи да биде кормилар на Барселона, а желба на Меси е повторно да соработува со Чави, овојпат во поинакви улоги.

Двајцата играа заедно за Барселона од 2004 до 2015 година и имаа многу успеси, но сега очигледно тешко ќе дојде до нова соработка на двете големи ѕвезди.

Меси е на крстопат и треба да одлучи дали ќе остане во Барселона, единствениот клуб за кој има настапувано како професионалец.

 

 

- Оглас -

Најнови вести