Меси можеби веќе никогаш повторно нема да заигра за ПСЖ

Авантурата на Лионел Меси во Пари Сен Жермен се ближи кон крајот, а според француските медиуми, можно е Аргентинецот и веќе никогаш повторно да не заигра за Светците.

Одбивањето на Меси да го продолжи договорот со клубот во којшто ги мина последните две сезони ги налутило челниците на ПСЖ, па наводно и казната и забраната за тренирање со тимот во следните две недели која му ја изрекоа се всушност местенка. Во ПСЖ знаеле дека Меси ќе патува во Саудиска Арабија, но додека тој бил во авион на пат кон Арабија, одеднаш објавиле дека ќе имаат тренинг. Не било можно Меси да дојде на тој тренинг, а сега го казнуваат за недоаѓање на тренинг и нарушување на дисциплината.

Меси не е популарен ни меѓу фановите на ПСЖ, особено по Мундијалот во Катар, и разделбата изгледа неизбежна.

По завршувањето на сезонава, Меси си оди од ПСЖ, а како негов иден клуб сега се спомнуваат четири фаворити: Барселона, Ал-Хилал, Манчестер сити и Интер Мајами.

- Оглас -

Најнови вести