Меси можеше до првиот хет-трик во ПСЖ, но му дозволи на Мбапе да погоди, а Французинот се посрамоти (Видео)

Лионел Меси конечно блесна во целиот свој сјај во дресот на Пари Сен Жермен и со два гола беше најзаслужен за пресвртот против Лајпциг. Францускиот првак победи со 3:2 во меч од третото коло од Лигата на шампионите, а победата можеше да биде поубедлива.

Меси еднаш погоди од игра, еднаш од пенал, а имаше шанса и да го запише првиот хет-трик во дресот на францускиот тим откако судијата во 92-рата минута досуди и втор пенал за домаќините.

Сепак, наместо да шутира по вторпат, Меси реши да му препушти на Килијан Мбапе да го изведе ударот од белата точка. Францускиот репрезентативец шутираше, и тоа очајно високо над гол. Јасно е дека Мбапе и во иднина нема да има шанса да шутира пенал ако Меси не му дозволи.

 

- Оглас -

Најнови вести