Иконата на Барселона, Лионел Меси, стави допаѓање на една инстаграм-објава на неговиот сонародник Лаутаро Мартинез, кој објави радост на Интер на синоќешниот меч против Барселона.
Ова предизвика разни коментари и им фрли сол на раните на поддржувачите на каталонскиот гигант.
Периодов многу се зборуваше за можен камбек на Меси во клубот во кој се прослави, па затоа фанови на Барса му се налутија на Меси што „ги слави“ киксевите на Барселона.
Други сметаат дека е нормално Меси да му дава поддршка на репрезентативниот колега, со кого наскоро треба да атакуваат на светското злато.