Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, при секој јавен настап го спомнува името на Лионел Меси, а на Аргентинецот почна да му пречи тоа, па на Лапорта му порача да прекине постојано да зборува за него.
Меси против своја волја ја напушти Барселона минатото лето и прејде во Пари Сен Жермен, а Лапорта кој се врати на чело на Барса со ветување дека ќе го задржи Меси во клубот, не го вади од уста. Најновата изјава на Лапорта поврзана со Меси беше дека Лео може да се врати во Барселона, но само ако дојде гратис како слободен, и без да зема плата.
„Никој не побарал од мене да играм за беспари, зборовите на Лапорта се депласирани. Ме повредуваат такви работи, не сакам да зборува за мене такви работи“ – изјави Меси, а неговиот татко Хорхе му се јавил на Лапорта со истото барање, бидејќи Лео не си заминал за пари во Париз.