Меси на чекор од Златната копачка, но Мбапе може да му ја украде

Лионел Меси на 34 настапи сезонава во шпанската лига даде 36 гола и не само што по шести пат е прв стрелец во шпанското првенство, туку најверојатно ќе му припадне и признанието Златна копачка за прв стрелец во Европа. Овие 36 гола на Меси му носат 72 поени, со што Меси е убедливо на првото место. Денеска Аргентинецот даде два гола и си го зголеми водството во трката за прв стрелец во Европа.

Но, теоретски може да се случи Меси да остане без таа награда. Килијан Мбапе од ПСЖ има 32 гола и 64 поени. Младата француска ѕвезда има уште еден меч пред себе (в петок, против Ремс) и ако даде четири гола, тогаш Мбапе и Меси ќе ја поделат наградата.

Меси се изедначи со легендарниот Телмо Сара на првото место по бројот на сезони во кои биле најефикасни поединци во шпанската лига, а ѕвездата на Барса го стигна Уго Санчес, со кого имаат по четири титули во сезони во кои нивните тимови биле и шампиони.

- Оглас -

Најнови вести