Лионел Меси и изминатиов викенд беше еден од главните играчи во Европа. Капитенот на Барселона даде хет-трик во победата над Селта Виго од 4:1. Два погодоци Меси постигна од слободен удар и беа вистински ремек дела и може да ги погледнете ТУКА.
Додека Меси воодушевува со погодоците од слободен удар, неговиот голем ривал Кристијано Роналдо, речиси и заборавил како е да се даде гол директно од прекин. Ако во многу категории се води дилема дали е подобар Меси или Роналдо, кога сер работи за изведување на слободните удари, тука нема разговор.
Статистиката вели дека Роналдо во последните 694 денови има дадено само еден гол од слободен удар, што значи дека Меси само во саботата на дуелот против Селта Виго даде повеќе погодоци од слободен удар, отколку Роналдо за речиси две години.
Роналдо ја игра втората сезона во Јувентус, а Португалецот иако ги изведува поголем дел од прекините, уште нема ниту еден погодок во дресот на Старата дама од слободен удар.
📊 — Messi scored more free-kick goals in a single game (2) than Ronaldo has managed to score in the last 694 days. [@TheCatalanKing] pic.twitter.com/tVsD92L68V
— Barça Universal (@BarcaUniversal) November 9, 2019