Лионел Меси кој беше прогласен за најдобар фудбалер за 2021 година во изборот на „Франс фудбал“, вечерва на „Паркот на принцовите“ во Париз ја покажа Златната топка пред фановите на Пари Сен Жермен.
Меси е само втор играч од француската лига кој ја освоил оваа награда.
На средбата со Ница, стартен голман кај ПСЖ е Џиџи Донарума, кој беше прогласен за најдобар голман годинава, па и тој го покажа трофејот Јашин и беше поздравен од фановите.