Лионел Меси минатото лето предизвика фудбалски земјотрес со одлуката да се пресели во МЛС-лигата и да потпише за Интер Мајами, а од неговото доаѓање во САД можат добро да профитираат и неговите соседи.
Аргентинецот првите месеци во САД изнајмуваше куќа, а потоа за 10,75 милиони долари си купи куќа во Форт Лодердејл и со тоа ја зголеми вредноста на сите имоти во областа.
Неговиот прв сосед во Форт Лодердејл, Патрик Бет-Дејвид, откри дека веќе му понудиле да му го купат имотот и тоа за огромна сума.
„Меси купи куќа веднаш до мојата и сега сите сакаат да купат имот во овој дел од градот. Ние сме затворена заедница за островот и постои само еден влез. Ние сме безбедна заедница и се надевам дека така и ќе остане. Откако тука се всели Меси, постојано доаѓаат бродови со странци кои се заинтересирани да купат имот. Откако Меси ми стана сосед, вредноста на мојата куќа се зголеми на околу 25 милиони долари“, изјави Бет-Дејвид.