По повеќе од два месеци преседени во карантин, фудбалерите се вратија на тренинзите и на натпреварите. Во Шпанија се очекува во следниот месец да продолжат возбудувањата во Примера дивисион, а Барселона и Реал Мадрид ќе бидат во трка за титулата.
Кога се работи за Барселона, многу работи зависат од Лионел Меси. Капитенот е „моторот“ на целата екипа. На денешниот тренинг Меси покажа дека едноставно е желен за играње, за докажување и за борба. Аргентинецот делуваше како да е пуштен од синџири и едноставно стигнуваше на секој дел од теренот.
Во еден момент Меси успеа со лизгачки старт да го сопре противничкиот напад, а потоа тргна во офанзива, која на крајот ја заврши со погодок покрај немоќниот Тер Штеген.
https://twitter.com/i/status/1265286549261955073