Францускиот дефанзивец Жан-Крер Тодибо имаше можност да го носи дресот на Барселона и тоа во времето кога таму „газда“ беше Лионел Меси. Тодибо пристигна на „Камп Ноу“ во јануари 2019 година, но не се прослави и одигра само пет меча.
Сепак, Тодибо имаше можност да биде на тренинг со Меси и се сеќава дека Лео бил целосно заштитен.
„Во Барселона не смеевме да го допреме Меси додека бевме на тренинг. Можеби звучи бизарно, но така беше. Тој е најголемиот фудбалер на сите времиња и едноставно не сакавме да го повредиме со некој непотребен старт“, вели Тодибо.
По неуспешната авантура во Барселона, Тодибо се врати во Фрација и сега го носи дресот на Ница. Ако во Барселона не смеел ни да го допре Меси на тренинг, сезонава ќе има шанса да води битка со Аргентинецот кој летово направи трансфер во Пари Сен Жермен.