Меси научи нешто ново, макар и лошо во Париз, вели дека е подготвен за пресврт во ПСЖ

Лионел Меси вечи дека никогаш во кариерата не бил во ситуција навивачите на клубот за кој игра да му свират во знак на протест, но и дека е подготвен за пресврт и за потврда дека и со ПСЖ може да освојува титули, особено европски.

„Во Барселона никогаш ми се нема случено навивачите на клубот да ми свират. Сосема спротивно секогаш имаше само аплаузи. Веројатно сите заедно очекувавме подобри резултати и игри на Пари Сен Жермен и можам да ветам дека ќе сторам се за да направиме пресврт. Сега по една сезона во клубот подобро ги познавам состојбите и во ПСЖ и во францускиот фудбал, но и очекувањата на навивачите“, изјави Меси.

Титулата што беше освоена во Франција не е доволен успех за тим каков што има ПСЖ, со Меси, Нејмар, Мбапе и дузина одлични играчи, а особено беше критикуван неуспехот против Реал Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Меси и соиграчите заминаа на реваншот во Мадрид со предност од 1:0, потоа по 70 минути имаа уште еден гол предност, но се загубија во последните 20-на минути и беа елиминирани со пораз од 3:1.

И финишот на сезоната во Франција мина неславно, иако титулата беше освоена многу порано, па навивачите сами си го славеа успехот напуштајќи го стадионот во Париз.

 

 

- Оглас -

Најнови вести