Екипата на Интер Мајами по пауза од еден меч, повторно им се врати на победите, а најзаслужен за тоа беше Лионел Меси со волшебните асистенции кои им ги подели на Алба и Кампана.
Третопласираната екипа од Западната конференција, Лос Анџелес, немаше сили да ги сопре разиграните фудбалери на Интер Мајами и загуби со 3-1 на домашен терен, со што Меси и другарите се чекор поблиску до првичната цел, пласман во плејофот од МЛС-лигата.
Резултатот го отвори Факундо Фариас уште во 14-тата минута, а на вториот погодок за Интер Мајами се чекаше до 51-вата и магичната асистенција на Меси до Алба за 0-2.
Во 83-тата минута имаше нова асистенција на Меси, овојпат до Леонардо Кампана и веќе беше 0-3 за Интер Мајами.
Почесниот погодок за Лос Анџелес беше дело на Рајан Хулингсхед во 90-тата минута.
Busquets➡️ Messi ➡️ Alba to put us in the lead by 2️⃣#LAFCvMIA | 0-2 pic.twitter.com/P57D4d1nR9
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 4, 2023
https://twitter.com/InterMiamiCF/status/1698545242415194421?s=20