Меси не доаѓа во Барселона, ќе игра за Бекам во МЛС-лигата

Лионел Меси одлучи по двегодишната одисеја во ПСЖ, да не се враќа во Барселона, туку кариерата да ја продолжи во МЛС-лигата, и тоа во Интер Мајами, пишуваат шпанските медиуми.

Лионел заедно со сопругата Антонела одлучиле дека Мајами е второто најдобро место за живеење по Барселона и затоа Аргентинецот ја прифатил понудата на тимот чиј сопственик е Дејвид Бекам.

Неофицијално, Меси би требало да заработува по 50 милиони евра годишно, а би требало да добие можност по завршување на кариерата да купи тим во МЛС-лигата, како што го стори тоа токму Бекам.

Во игра за потпис со Меси беа Барселона и саудискиот Ал-Хилал, кој му нудеше неверојатни 1,2 милијарда евра.

- Оглас -

Најнови вести