1.8 C
Skopje
четврток, 1 јануари 2026

Меси не е прогласен за „Крал на Америка“, Уругваец му ја „украде“ наградата

Изненадувачки или не, Лионел Меси не ја доби наградата „Крал на Америка за 2025“. Ова признание традиционално го доделува весникот „Ел Паис“, а Меси заврши на второто место во гласањето. Убедливо за најдобар и „Крал на Америка“ беше избран уругвајскиот играч за врска од средниот ред Џорџијан де Арасета кој настапува за бразилскиот Фламенго.

Во гласањето учествуваат 264 новинари од 16 земји, а Де Арасета доби 62,8 проценти од гласовите. Меси кој е втор, заврши со 14,8 отсто од гласовите, додека третото место му припадна на напаѓачот на Расинг Адријан Мартинез со пет отсто од гласовите.

Де Арасета и Фламенго доминираа во 2025 година и освоија четири трофеи и тоа бразилското првенство, Копа Либертадорес, бразилскиот Суперкуп и државното првенство на Рио де Жанеиро. Уругвајскиот играч од средниот ред беше прогласен за најдобар играч, стрелец и асистент во бразилската лига и Копа Либертадорес.

Интересно е дека Меси втора година по ред не може да ја освои оваа награда за „Крал на Америка“. Во 2024 година таа му беше доделена на Луис Енрике Андре.

Наградата „Крал на Америка“ ја доделува весникот „Ел Паис“ од 1986 година. Аргентинецот Карлос Тевез е рекордер со три вакви признанија, додека Колумбиецот Карлос Валдерама, Аргентинецот Хуан Себастијан Верон и Бразилецот Нејмар ја освоиле по двапати.

- Оглас -

Најнови вести