Лионел Меси ја остави подотворена вратата за негов настап на следниот Мундијал во Северна Америка. Во интервју за аргентинскиот „Оле“, Меси рече дека тешко дека ќе игра на Светското првенство во 2026 година, но не ја исклучи можноста.
„Уште не знам дали ќе играм, не можам да одговорам сега. Зависи како ќе ми се одвива кариерата. Ми се чини дека ќе биде многу тешко да отидам таму поради мојата возраст. Следното СП е многу далеку. Сакам да играм фудбал и додека сум во форма, ќе продолжам да се насладувам на тоа што сакам да го правам“, вели Аргентинецот, кој зборуваше и за односот со Килијан Мбапе, со кого се тимски колеги во ПСЖ, а беа ривали во финалето на Мундијалот во Катар.
„Во многу добри односи сме. Разговаравме за мечот, за прославата. Знам како му беше, и јас сум изгубил финале на Светско првенство. Немам проблем со Килијан, баш напротив“, вели Меси.