19.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Меси: Не ми се допаѓа тоа што го направив во четвртфиналето на СП

Лионел Меси пред неколку месеци го оствари детскиот сон – да биде светски првак со Аргентина. Како капитен на Гаучосите, Меси го предводеше тимот до победа во финалето против Франција. Мечот беше решен дури по подобро изведување на пенали, откако во регуларните 90 минути беше 2:2, а по 120 минути резултатот беше 3:3.

Освен финалето, Аргентина на пенали го доби и дуелот во четвртфиналето против Холандија. Токму овој меч изобилуваше со многу тензии и провокации од двете страни. Меси главната прослава против Холандија ја имаше пред холандската клупа, а беше наменета за нивниот селектор Луис ван Хал, кој претходно упати неколку провокации на сметка на Аргентинецот.

„Не планирав да го направам тоа, но се случи. Знаев што сѐ зборуваа пред мечот, што сѐ Ван Хал зборувал за мене. Дури соиграчите доаѓаа и ме прашуваа дали сум видел и прочитал што зборува Ван Хал за мене. На крајот, не ми се допаѓа тоа што го направив, не сакам такви работи. Сепак, тоа беше момент на големи тензии, многу нервози и сѐ се случи многу брзо. Човек реагира како што ќе реагира. Едноставно, се случи“, објасни Меси, кој по победата над Холандија го навредуваше и стрелецот на двата гола за Холандија, Вут Вегхорст.

- Оглас -

Најнови вести