Екипата на Барселона ја има една од најтурбулентните години во својата историја.
Каталонскиот тим речиси секоја недела се соочува со голем број проблеми, на кои не им се гледа крајот. Последен од нив е тоа дека Лео Меси, некогашниот играч на овој тим, си заминал од клубот поради разговорот на Жарарт Пике и претседателот Жоан Лапорта.
Според весниците од Каталонија, Пике летово му се јавил на претседателот на Барса велејќи му дека заминувањето на Меси нема многу да го ослабне овој тим, а ваквите информации испливаа на површина по интервјуто на Аргентинецот за весникот Спорт, каде што тој наброја неколку играчи со кои сè уште е во контакт.
„Често се слушам со Агуеро, кој иако не игравме заедно во Барселона, тој е мој добар пријател. Исто така и со Жорди Алба и Серхио Бускетс, а и редовно ги следам натпреварите кога ќе можам“, изјави Меси.
Сегашниот член на ПСЖ успеал да дознае за разговорот на Пике и претседателот Лапорта и оттогаш ги има прекинато сите контакти со него, сметајќи дека дефанзивецот му има забиено нож во грбот.