Најголемата ѕвезда на МЛС-лигата, Лионел Меси, не планира да се појави во Остин, каде што утревечер треба да се одигра олстар-меч помеѓу најдобрите од МЛС и мексиканската лига.
Меси веќе ги пропушти тренинзите заедно со другите олстар-играчи. Ако не игра на олстарот, ќе добие суспензија од еден натпревар.
И покрај тоа што е во одлична форма, тој не изгледа желен да игра во натпревар што не е од натпреварувачки карактер. Медиумските извештаи сугерираат дека е спремен да ги прифати последиците. Тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, рече дека и тој би преферирал Меси да одмори отколку да игра на олстар.
Фановите посакуваа да гледаат дуел на Меси и Серхио Рамос, кои беа ривали во Барса и Реал, а потоа соиграчи во ПСЖ, но до тоа нема да дојде.