Лионел Меси беше лут на судиите по поразот од Бразил, овојпат тие му беа виновни за поразот, а не лошите терени на кои се жалеше досега и најави дека доколку селекторот Лионел Скалони смета дека му треба во националниот тим, и понатаму ќе игра за Аргентина.
Веќе следната година Копа Америка се игра во Аргентина и Колумбија, па Меси ќе се обиде да го освои трофејот кој им бега од раце на Гаучосите веќе 26 години. Лично Меси има играно на девет светски првенства и девет пати на Копа Америка.
„Добро се чувствувам со оваа група момци и ако треба да им помогнам да напредуваат или да помогнам на друг начин, ќе го правам тоа и во иднина. Имаме добра основа, младите сакаат да играат, само треба да им се даде време“, вели Меси.
Некои сметаат дека Меси против Бразил го одиграл својот најдобар меч на Копа, повторно ја пееше химната, но ако се споредат бројките на Лео во дресот на Барса и на Аргентина, сè е јасно.
Во 2019 година, Меси за Барса одигра 30 меча и имаше 30 гола и 7 асистенции, што е поен на секои 65 минути. Како член на репрезентацијата, одигра 7 средби и има три гола. Тоа е просек од 195 минути, што значи дека трипати почесто дава гол или асистира за клубот отколку за репрезентацијата.