Лионел Меси и Жарарт Пике беа долгогодишни (од 2008 до 2021 година) соиграчи во Барселона, а откако шпанскиот дефанзивец ненадејно ја прекина кариерата, сега ниту едниот ниту другиот екскапитен не се во Барса.
Многумина го поздравија Пике и со убави желби се простија од него преку социјалните мрежи, но не и Меси, а информациите говорат дека тоа нема ни да се случи.
Се шпекулира дека Пике бил еден од најзаслужните што Меси си замина од Барселона, па Аргентинецот му е лут и се чувствувал предаден од колегата со кого веќе нема контакт.
Пике не сакал да прифати намалување на платата со цел клубот да има пари за да го задржи Меси, па Барса немаше друг избор освен да се раздели со својот најдобар фудбалер во историјата.
Затоа се зборува дека заминувањето на Пике е плус за Барса во преговорите за евентуално враќање на Меси, но тоа нема да оди толку лесно бидејќи Меси има добри понуди и од Интер Мајами и за продолжување во ПСЖ.