Меси не знаел како се користат некои од справите за вежбање кои му ги покажале во Париз

На Лионел Меси тешко му падна разделбата со Барселона, беше навикнат на таа средина, но финансиските проблеми на Каталонците го принудија да замине и неговиот избор беше ПСЖ, каде што има многу пријатели, а и клубот е амбициозен и богат. Во Париз се трудат да му помогнат на Меси полесно да се прилагоди, сакаат тој и семејството да бидат среќни во Париз.

Тренерот Маурисио Покетино го ангажирал неговиот син Себастијан да му го покаже на Меси тренинг-центарот на ПСЖ. Кога отишле во фитнес-центарот, младиот Покетино му ги покажувал справите и го советувал околу режимот за тренинг, а Меси бил збунет. Тој не знаел за што служат и како се користат некои од справите.

И во Барселона ги имало истите справи, но таму никој никогаш не побарал од Меси да ги користи, па затоа Лео не ни знаел каква е нивната функција.

За Меси новина беше и што го извадија од игра на еден меч, кога му се налути на Покетино, првпат во животот легна на земја зад живиот ѕид, но сака да покаже дека е тимски играч. Целта на парижаните е јасна, титула во ЛШ, а тоа е можно само со среќен и задоволен Меси.

- Оглас -

Најнови вести