Меси, Нејмар и Мбапе конечно го направија тоа што од нив се чекаше цела сезона

Пари Сен Жермен славеше убедливо со 5:1 против Лориен и покажа дека е главен кандидат за титулата во француското првенство. Со овие три бода, Светците сега имаат 12 бода пред второпласираниот Олимпик Марсеј.

Нејмар го најави гол шоуто со погодок во 12 минута, а Килијан Мбапе зголеми на 2:0 во 28 минута. Мофи погоди за гостите во 56 минута и намали на 2:1, но веднаш потоа беа решени сите дилеми околу победникот.

Мбапе погоди по втор пат на овој меч, а потоа гол даде и Лионел Меси. Нејмар со својот втор погодок ги постави конечните 5:1. Ова беше прв натпревар сезонава на кој триото Меси, Нејмар, Мбапе постигнаа голови на ист меч.

Иако победата на ПСЖ беше убедлива, домашните навивачи не го заборавија дебаклот и елиминацијата од Лигата на шампиони, па со свирежи ги дочекаа своите миленици.

 

- Оглас -

Најнови вести