Меси, Нејмар и Мбапе на теренот, а ПСЖ загуби без да даде гол (Видео)

Пари Сен Жермен беше непријатно изненаден на гостувањето кај Рен и загуби со 1:0 во меч од 19 коло во француското првенство. Светците немаа пораз во првите 16 кола, а во последните три меча, втор пат губат. На 1 јануари ПСЖ загуби од Ленс, а сега падна и кај Рен, па остана на 47 бодови, само три повеќе од Ленс.

Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе играа за ПСЖ, но и овие супер ѕвезди не беа доволни да ја скршат одбраната на домаќините.  Амари Траоре во 65 минута даде гол за Рен и голема радост на домаќините. Токму тој погодок на крајот се покажа како клучен за победа на Рен.

- Оглас -

Најнови вести