Меси, Нејмар, Мбапе и… Левандовски?!

Како гром од ведро небо, францускиот медиум „Л’екип“ тврди дека ПСЖ тргнува по потписот на Роберт Левандовски.

Парижаните се подготвени да ја платат посакуваната сума од 45 милиони евра која ја бара Баерн Минхен за да го пушти полскиот бомбардер да си замине од клубот. Со доведување на уште една светска ѕвезда како Левандовски, Светците дефинитивно ќе бидат апсолутни фаворити за толку посакуваната титула во Лигата на шампионите.

Оваа вест делува како тотален нокаут за Барселона, која врши напори да собере средства да ги осигура услугите на Левандовски. Полјакот во неколку наврати посочи дека сака преселба само на „Камп ноу“ и не размислува за друга опција, меѓутоа полека ја губи битката со Баварците кои не му дозволуваат лесно да си замине, па можно е да ја прифати понудата од Париз доколку двата гиганти започнат преговори.

- Оглас -

Најнови вести