Лионел Меси го нема на листата на фудбалери со кои Пари Сен Жермен вечерва ќе му се спротивстави на Ремс, во дуел на два клуба кои имаат играно финале во Лигата на шампионите.
Тренерот Кристоф Галтие, изјави дека Меси побарал да биде заменет на дуелот со Бенфика во средата, поради проблем со листот на ногата, па вечерва ќе одмори, и од утре се очекува повторно да тренира.
Кај ПСЖ ќе ги нема и Нуно Мендеш кој ќе паузира три недели, а Килиан Мбапе има инфекција на грлото, но се очекува да игра, само не се знае дали ќе биде стартер или резерва, па шанса да добие 20-годишниот Уго Екитике.
Парижаните кои беа критикувани дека премногу често користат патување со авион на гостувањата во лигата, на гостувањето во Ремс ќе одат со автобус, релацијата е 150 километри.