11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Меси нема да може да ја одбие нашата понуда

Барселона новиот претседател ќе го добие на 24 јануари по изборите, а Жоан Лапорта, поранешниот прв човек и еден од кандидатите за наследник на Жозеп Бартомеу, засега е фаворит во оваа трка.

Тој симпатиите ги освојува така што кампањата ја води во негативен контекст говори за лутиот ривал Реал Мадрид, а исто така тврди дека ќе успее да го убеди Лионел Меси да остане на „Камп ноу“ и по крајот на сезоната.

„Лео ни кажа дека ќе почека до крајот на сезонат пред да донесе конечна одлука дали ќе остане или не. Тоа нам ни дава доволно време да подготвиме понуда каква што нема да може да ја одбие. Знам дека Меси има доверба во мене, бидејќи порано ми кажа дека сè што ветувам го исполнувам. Поради тоа сум обеден дека Меси и во иднина ќе биде наш лидер“, вели Лапорта.

Лапорта беше на чело на каталонскиот гигант од 2003 до 2010 година, период во кој Барселона доминираше во Шпанија и Европа. Според досегашните анкети, дури 70% од гласачите имаат доверба во Лапорта за иден претседател на клубот.

- Оглас -

Најнови вести