Тимот на Интер Мајами каде главна ѕвезда е Лионел Меси, ќе ја има честа да го отвори историското прво Светско клупско првенство на кое ќе играат рекордни 32 екипи од целиот свет. На отворањето на турнирот, американскиот тим ќе игра против египетскиот гигант Ал Ахли.
Меси најави дека е подготвен и мотивиран за нов предизвик.
„Ова е интересно натпреварување. Одлично е што ќе можам да играм на него. очекувањата ми се различни од тие што ги имав кога бев дел од други екипи. Немам трпение, едвај чекам да се спротиставиме на најдобрите и да направиме успех“, рече Меси.
Мечот против Ал Ахли е во два часот наутро (сабота кон недела). Во групата со Интер Мајами се уште и екипите на Порто и Палмеирас.